ВУЛКАН ИСФРЛА ЗЛАТО, научниците збунети
ВУЛКАН ИСФРЛА ЗЛАТО, научниците збунети
Антарктичка фонтана од злато - научниците не знаат како вулканот Еребус исфрла кристали од злато во атмосферата
На Росов Остров во Росовото Море, длабок залив на Антарктикот, планината Еребус чади на околу 1.350 километри од географскиот Јужен Пол. Најјужниот активен вулкан во светот во својата внатрешност крие езеро од вжештена лава. А во гасовите што постојано избиваат од овој природен отвор кон внатрешноста на Земјата научниците пронајдоа микроскопски честички


