Мицкоски: Забраната за влез на адвокатот Менкиноски во Бугарија е удар врз имиџот на ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди одлуката на бугарската гранична полиција да му забрани влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски до 2036 година. По телефонски разговор со Менкиноски, Мицкоски оцени дека ваквиот потег претставува кршење на човековите права и испраќа негативна порака до Европската Унија. „Менкиноски не е престапник, туку








