Групна тепачка пред кафеана во центарот на Скопје - се тепале скопјани, кратовци и кумановци
Масовна физичка пресметка била пријавена вчера во Скопје, информира МВР. Според пријавата, на 3 мај околу 01:15 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка меѓу повеќе лица. Во инцидентот учествувале седум лица на возраст од 18 до 26 години, од Скопје, Куманово, кратовско и кумановско.








