Еруптираше вулканот Етна, облакот од чад е висок неколку километри
Највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, повторно еруптираше денеска и италијанските медиуми објавија дека облакот од чад е висок неколку километри. „Во изминатите неколку часа, активноста на вулканот продолжи со експлозии со растечки интензитет, кои во моментов се силни и речиси континуирани“, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика