Ѓуретановиќ и Цеков со нови национални рекорди во далечинско пливање
Младите македонски пливачи Никола Ѓуретановиќ (17 г.) и Петар Цеков (16 г.) испишаа нови рекорди во македонското далечинско пливање. Двајцата млади пливачи имаа одлични настапи на Националното првенство во далечинско пливање. Со нови државни рекорди и второ најдобро време во Европа во своите категории (U18 и U17), овие момци се потврда на одличната