Работнички промовираше десет засилувања пред стартот на првенството во Втората лига
Работнички за првпат во својата историја ќе се натпреварува во Втората лига, а ова лето клубот претрпе целосна трансформација на играчкиот кадар. По испаѓањето од елитата, Романтичарите влегуваат во новата сезона со амбиција експресно да се вратат меѓу најдобрите. Нов тренер на тимот е Баже Јанакиевски, кој доби задача да создаде конкурентна екипа


