Градоначалникот Ѓорѓиевски со Кризниот штаб е на терен по силното невреме
По силното невреме што попладнево го зафати главниот град, сите надлежни служби и јавни претпријатија се целосно мобилизирани и веќе интервенираат на терен. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Кризниот штаб е во постојана координација со сите релевантни институции за да се спречат поголеми штети и да се заштитат граѓаните










