Едно лице загина во тешка сообраќајка на Плетвар
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички. Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец. Од Итната медицинска помош од Битола потврдија дека има загинато лице.










