Чупиќ: Неважни се Лино и Иван! Вардар секогаш е фаворит дома – тоа е во ДНК на клубот!
Првото ракометно „Ел Класико“ помеѓу Вардар и Пелистер на програмата е во недела (17:45 часот) во салата „Јане Сандански“. И на прес-конференцијата пред дуелот, Иван Чупиќ по повтори она што го кажа после мечот со Мелсунген – неговиот тим е фаворит на оваа средба. Предводникот на актуелниот македонски првак потенцираше неколку важни точки за Вардар









