Министерство за здравство: На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум








