Дамите ги почнаа подготовките за евро-квалификациите во Маврово
Женската македонска сениорска репрезентација попладнево во Маврово ги започна подготовките за квалификациските дуели со Австрија и Грција за пласман на Европското првенство 2026. Сите 18 репрезентативки кои се најдоа на потесниот список на селекторот Стефан Пауновиќ се појавија на првата прозивка во хотелот „Спорт“ и веднаш се ставија на располагање