„Ниту една повеќе“ и во Бугарија: Посветено на Евгенија Владимирова чие тело беше пронајдено во куфер
Протести и маршеви против насилството врз жените се одржуваат вечерва во Софија и уште пет други градови во Бугарија. Десетици жени ги губат животите само затоа што се жени, објавија организаторите од колективот Феминистички мобилизации. Алармантната статистика покажува и дека секоја трета млада жена на возраст меѓу 18 и 29 години доживеала насилство










