Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела
Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува. „Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.