Дел од општина Гази Баба без вода
Без вода денеска од 9:15 часот се дел од корисниците од улиците „Ордан Поп Јорданов“, „Ордан Пиперката“ и „Жан Жорес“ во општина Гази Баба. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на четири шибери ф - 100 милиметри на улица „Ордан Поп Јорданов“ без број. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.