Ограбена новата Марија Шарапова
Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Оваа 20-годишна тенисерка, која поради изгледот европските медиуми ја нарекуваа и „новата Марија Шарапова“, дојде во главниот град на Шпанија да игра на Мастерс турнирот, но не успеа да се квалификува.