Пронајдено телото и на второто девојче со кое мајка скокна во реката Бојана во Скадар
Албанската полиција соопшти дека на телото на деветгодишното девојче, кое синоќа било извлечено од реката Бојана во Скадар, не се пронајдени траги на малтретирање. „Поради претходно изнесените информации за пронаоѓање на телото на деветгодишно дете во водите на реката Бојана, ве известуваме дека, според прелиминарното вештачење на телото, во присуство