Момир Илиќ заминува од Веспрем?
Веспрем оваа сезона беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а прв на удар на навивачите е тренерот Момир Илиќ. По поразот од Алборг во Данска, раководството на унгарскиот клуб застана во одбрана на стручниот штаб, но не е познато дали ќе биде продолжена соработката.